среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бушати: Албанците во Македонија да го поддржат историскиот Договор

Бушати: Албанците во Македонија да го поддржат историскиот Договор

Договорот меѓу Македонија и Грција има исклучително значење за демократската стабилност во регионот и за нашата заедничка евроатлантска перспектива. Затоа апелирам на сите граѓани на вашата земја, особено на Албанците кои живеат тука да дадат поддршка на историскиот Преспански договор, изјави денеска шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на прес-конференцијата со неговиот македонски колега Никола Димитров.

„Сите се согласуваме дека Албанците кои живеат во Македонија ќе бидат огромни поддржувачи на процесите кои течат и уште еднаш сакам да апелирам да излезат масовно да учествуаат во изградбата на иднината и на подобар живот тука. Во оваа насока ќе продолжиме блиско да соработуваме со цел да создадеме што подобра и поинклузивна средина“, рече Бушати.

Најнови вести