Лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вчера попладне имал сообраќајна несреќа откако возилото во кое се возел излетало од патот на десетина километри од Охрид во близина на охридскиот аеродром.
Возилото во кое Тачи бил возен од друг возач и од засега неразјаснети причини излетале.
Од СВР Охрид вчера потврдија дека во тој реон се случила сообраќајна несреќа.
Веста за медиумите ја потврдија и од партијата на лидерот на ДПА.