сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Даскаловски: Уставниот суд одлучи под влијание на политичките околности

Даскаловски: Уставниот суд одлучи под влијание на политичките околности

Одлуката е фрапантна и изненадувачка во смисла на тоа дека судиите треба да се врвни правници и да го почитуваат правото. Очигледно е и за наjобичен граѓанин дека ова прашање како што е поставено на референдумот, не дава логична можност на граѓаните да се изјаснат доколку на пример се за влез во ЕУ и не се за влез во НАТО, или ако се против договорот кој што е наметнат и се за евроатланска интеграција, смета универзитетскиот професор Жидас Даскаловски.

-И по логиката на нештата и по правната поставеност судот требаше да донесе поинаква одлука, но тој донесе видовме каква одлука, сметам дека во Македонија многу нешта се под влијание на политичките околности па и оваа одлука, оцени Даскаловски.

Прашан за коментар околу ставот на поранешни уставни судии дека поинаква одлука на судиите би била удар врз темелите на државата, Даскаловски го нарече бесмисленот.

-Тоа се некои бесмислени искази кои што немаат врска со реалноста. Единствено нешто што во Македонија треба и денес и вчера и утре да биде основен постулат е владеење на правото. Правната држава. И доколку некој смета дека било каква одлука на институција, меродавна и правна е спротивна на интересите на државата , е невкусно да се коментира, вели Даскаловски.

Најнови вести