Кога ќе ја видат на улица, минувачите се воодушевуваат од нејзините крупни очи и често и даваат комплимент, не знаејќи дека девојчето боледува од ретко пореметување.
Мелани Рамирез (2) има Аксендфелд-Гидером синдром, ретко генетско пореметување поради кое зениците и ја заземаат скоро целата површина од окото.
Овој синдром првенствено е пореметување на очите, но исто така може да предизвика карактеристични особини на лицето и проблеми со забите.
-Синдромот и е дијагностициран кога имаше само недела дена, нејзините зеници не се формирани нормално во матката и заземаат поголем дел од окото. Подоцна и е дијаностициран глауком, кој може целосно да ја ослепи. Сега може да гледа совршено, но не знаеме сигурно што ќе биде подоцна, рекла нејзината мајка Карина за УНИЛАД.
Фотографијата од својата ќерка Карина ја споделила и на Твитер, плашејќи се дека девојчето подоцна ќе стане предмет за напад.
-Секогаш кога ќе излеземе надвор и некој минувач ќе искоментира дека има убави и големи очи, јас водат дебата во главата дали да го споменат нејзиниот проблем или не. Одлучувам да не споменувам, се насмевнувам и се заблагодарувам. Секогаш потоа имам чудно чувство. Само се молам таа да знае колку е преубава, напишала на Твитер нејзината мајка.
Everytime were out & a stranger compliments on how big & beautiful her eyes are, I have a mental debate on whether or not I should mention her defect. I decide no, smile & say thank you. I’m always left with a weird feeling. I just pray she’ll always know how beautiful she is. pic.twitter.com/JUJyGkLbDe
— moscato mami? (@karinaa_ortega) September 13, 2018
Зеницата со необична форма предизвикува претерано чувство на светлина, затоа што баш тука влегува во окото. Тоа значи дека Мелани мора да носи очила за сонце кога ќе излегува надвор.
Мелани кога имала пет месеци морала на операција, а нејзината мајка се грижи дека кога ќе порасне ќе се чувствува несигурно поради своите очи.
Откако ги споделила нејзините фотографии, наишла на бројни коментари со поддршка, што на семејството дополнително му дава надеж дека Мелани ќе биде во ред.