Екипата на Економски Лидер денеска е нападната во Маврово откако била спречена да го снима државното земјиште на кое скопскиот градоначалник Петре Шилегов гради луксузна вила.
На екипата обезбедувањето им забранило да снимаат со камерата со образложение дека тоа било приватен имот иако се работи за државно земјиште.
По физичкото кошкање снимката денеска ќе биде објавена во вестите 17:30 часот на телевизија Алфа.
Во видеото објавено на фан пејџот на Економски Лидер се наведува и дека Јавното обвинителство треба да преземе мерки против заканите од страна на Петре Шилегов кон новинари, погледнете.