петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Еден на еден“ и „Glitch Agency“ меѓу најдобрите агенции во регионот

„Еден на еден“ и „Glitch Agency“ меѓу најдобрите агенции во регионот

Македонските маркетинг агенции „Еден на еден“ и „Glitch Agency“ се единствените домашни агенции кои се вратија со признанија од овогодинешното издание на Weekend Media Festival, на кој се доделуваат престижните награди од областа на маркетингот, „BalCannes“ и „SoMo Borac“.

Weekend Media Festival е регионален фестивал од областа на комуникациите и маркетингот, кој веќе 11 години по ред ги собира најважните медиумски, маркетинг и ПР професионалци од регионот во Ровињ, Хрватска. Годинешното издание, кое се одржа од 20.09 до 23.09, го посетија повеќе од 5000 професионалци, а како дел од официјалната програма на фестивалот беше и доделувањето на наградите „BalCannes“ на 21.09, како и доделувањето на наградите „SoMo Borac“ на 22.09.

На наградите „BalCannes“ во конкуренција со 51 агенција од регионот, кампањата за „Sport M“ насловена како „Bringing sexy back on social“ на агенцијата „Еден на еден“ се најде меѓу најдобрите проекти според жирито составено од огласувачи, како и според жирито составено од новинари, а кампањата за ТВ серијата „На терапија“ на „Glitch Agency“ се најде меѓу најдобрите проекти според жирито составено од новинари.

На наградите „SoMo Borac“ кои се сметаат за најважните награди за дигитален маркетинг во регионот, кампањата за ТВ серијата „На терапија“ на „Glitch Agency“ доби награда како една од топ 3 кампањи на социјални медиуми на регионално ниво, додека за веб страната за филмот „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски доби награда како една од топ 3 веб страни во регионот. Кампањата за „Sport M“, пак, на агенцијата „Еден на еден“ исто така доби награда како една од топ 3 кампањи на социјални медиуми на регионално ниво.

Видеото за наградената кампања на агенцијата „Еден на еден“ може да се погледне тука, додека видеата за наградените проекти на агенцијата „Glitch Agency“ можат да се погледнат тука и тука.

Најнови вести