Хари Локвенец пратеник на СДСМ во Собранието, на дебата на јавниот сервис го замоли Димитар Димовски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ барем да се обиде дел од договорот да бил пофален, или како рече дека барем дел било направено за да ги зачуваме и националниот идентитет и јазикот. Сепак, учтивоста и молозливоста не ги менуваат фактите кои се прифатени од грчките условувања.
-Прв сум за тоа ако нешто е за фалење да се пофали ама за жал мора да констатирам дека со оваа спогодба не што нема што да се пофали туку има сериозно што да се критикува. Покапитулантска спогодба и предавнички договор не можевте да смислите. Зборувате дека сте го заштитиле македонскиот јазик? Тој во најмала рака е заштитен на првото заседание на АСНОМ со кој претседаваше Методија Андонов- Ченто. За прв пат тогаш е востановен македонскиот јазик како јазик на кој што ќе говори народот во Македонија. Понатаму во 1977 во ООН македонскиот јазик по втор пат е признаен и е ставен на картата на светки јазици. Вие не што не го заштитивте тоа што еднаш сме го стекнале, туку со фуснота со дообјаснување кажувате дека ова е нов јазик кој што потекнува од групата на словенски јазици, посочи Димовски.