понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Во Куманово до 9 часот излезеноста 3,17 отсто

Во Куманово до 9 часот излезеноста 3,17 отсто

До 9 часот излезeноста во Куманово e 3,17 проценти, изјави претседателот на Општинската изборна комисија Куманово, Звонимир Николовски.

За референдумот право на глас имаат 92.560 гласачи од Куманово кои гласаат на 167 избирачки места.

– Во општина Старо Нагоричане, излезеноста е 0,89 отсто, информираше претседателот на ОИК, Драган Јовановски.

Во оваа општина право на глас за референдумот имаат 3.363 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места.