Излезеноста на граѓаните за референдумот до 11 часот во Крива Паланка е 13 отсто, а во Ранковце избирачкото право го оствариле 7.24 отсто од граѓаните.
– Гласањето се одвива нормално и без проблеми на сите 47 избирачки места во општина Крива Паланка, а излезеноста на последната контрола, пресекот во 11 часот изнесува 13 отсто, информира Душко Арсовски, престседател на ОИК, Крива Паланка.
Во општина Ранковце до 11 часот , според информациите од ОИК, гласале 240 граѓани или 7.24 проценти од вкупнито број регистрирани гласачи.
МИА