петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Драстично помала излезност во Струмица во споредба со изборите, сограѓаните на Заев без интерес за референдумот

Драстично помала излезност во Струмица во споредба со изборите, сограѓаните на Заев без интерес за референдумот

До 13 часот во општина Струмица на гласање излегле 8.393 избирачи, односно 17,1 отсто од вкупно запишаните 49.086 избирачи. И во оваа општина се бележи далеку помала излезност од онаа на предвремените парламентарни и локалните избори.

На превремените парламентарни избори кои се одржаа во декември 2016-та година, до 13 часот во Струмица гласале 38,58% од избирачите, односно  за 21,48% повеќе од излезноста на денешниот референдум.

26,74% од избирачите во Струмица, гласале до 13 часот на локалните избори кои се одржаа лани. И на овие избори, струмичани покажаа поголем интерес од денес.