Двојно пониска е излезноста на денешниот референдум во однос на парламентарните избори во 2014 и 2016 и локалните избори 2017 година.
За споредба во 2014 година излезноста во 15 часот изнесувала 42,09%, на предвремените парламентарни избори во 2016-та година била 47,39%, додека на локалните избори во 2017-та година излезноста била 38,13%. Заклучно до 15 часот денеска гласале 334.075 избирачи, а претворено во проценти тоа е околу 23,00 проценти.
Драстична разлика во излезноста има и во Прилеп, Битола, Кавадарци, Охрид, Куманово, Кочани.