понеделник, 18. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од Аеродром, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја

Делови од Аеродром, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од населените места Чучер, Сандево, Глуво, Бразда, Чардак, Голиево, Горно Оризари, Танушевци, Малино, Брест, караула Рамно, Бањани, Горњани, Мирковци, Кучевиште, Побожје, Љубанци и Бродец утре од 9:25 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Михаил Глинка“ во општина Аеродром, од 8:00 до 11:00 часот корисниците  од бр. 104 до бр. 118 од улицата „Димо Хаџи Димов“ и улицата „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од село Долно Блаце, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци, а од 8:30 до 10:30 часот корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев 1“ од бр. 14 до бр. 42 во општина Аеродром.

Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.