вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ден полн со фалсификување на волјата на граѓаните: Во Сарај се гласало на секој 14 секунди, а во Прилеп се поткупуваа Роми

Ден полн со фалсификување на волјата на граѓаните: Во Сарај се гласало на секој 14 секунди, а во Прилеп се поткупуваа Роми

Власта е немоќна и се дрзнува кон фалсификување на волјата на граѓаните. Постојат сериозни индиции за полнење на гласачки кутии во Општина Сарај, поточно во Ласкарци и во Радуша, ова вчера го напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.

-Има драстично зголемена излезност до 15 часот, дури поголема во текот на целиот изборен ден споредено со минатите избори во 2017-та година, јас зборувам со факти:

ИМ 2455 
Вкупен бр. На гласачи 656
11ч. Гласале: 46
13ч. Гласале: 142
15ч. Гласале: 409
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 397.

ИМ 2458/1
Вкупен бр. На гласачи 471
13ч. Гласале: 74
15ч. Гласале: 381
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 174.

ИМ 2450
Вкупен бр. На гласачи 923
11ч. Гласале: 46
13ч. Гласале: 380
15ч. Гласале: 620
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 527.

ИМ 2430
Вкупен бр. На гласачи 809
11ч. Гласале: 130
13ч. Гласале: 433
15ч. Гласале: 490
Во 2017г на локални избори гласале вкупно 401.

Порачувам власта да ги тргне рацете од народот и да остави по сопствено убедување на постапи. После сето ова сум повеќе од убеден дека Македонија ќе победи. И оваа кражба на народната волја ниту оние закани и уцени нема да поминат, додава Јанушев.

Инаку вчерашниот ден беше преполн со нерегуларности, а дел од нив беа и терањето на граѓаните од страна на СДСМ да излезат да гласаат преку телефонски повици и пораки.

ВИДЕО: СДСМ со телефонски разговори и пораки ги тера граѓаните да гласаат на референдумот

Притисоци од СДСМ до гласачите да гласаат на референдумот. ВМРО-ДПМНЕ објави телефонски разговор и СМС порака од насоките кои до граѓаните пристигнуваат до граѓаните.

Во телефонскиот разговор женски глас кој се претставува како лице кое се јавува од главниот штаб на СДСМ, потсетува граѓанин доколку не излегол на гласање, да излезе, на што тој прашува што добил тој од партијата.

ЛИДЕР: Ромите во Прилеп ги носат организирано на гласање со државни комбиња

Порталот Лидер објави фотографии на кои според порталот се гледа дека со комбињата со кои се превезуваат учениците во Општина Прилеп, се врши организиран превоз на населението од ромските населби на гласање.

Како што објави Лидер организатор е поранешен координатор на СДСМ Прилеп, и сегашен член на Управен Одбор во Телеком.

МВР информира за нови попречувања и инциденти во гласањето

На еден час пред затворање на гласачките кутии, МВР информира за седум попречувања на гласањето на неколку избирачки места. Во текот на денот од полицијата соопштија за уште 13 инциденти за време на гласањето:

Во СВР Скопје било пријавено дека во село Горно Коњаре, скопско, набљудувач враќал луѓе кои оделе на гласање. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициската станица Берово женско лице телефонски пријавило дека околу 11:30 часот пред влезот на гласачкото место број 8 во село Будинарци, беровско, имало симпатизери на политичка партија кои вршеле притисок и ги спречувале граѓаните да гласаат, а исто така и неа вербално ја навредувале. По преземени мерки не се пронајдени лица опишани во пријавата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Охрид било пријавено дека во 15:30 часот на гласачките места бр.1280 и 1281/1 на улица „Марко Цепенков“ во Охрид биле забележани две лица како неовластено фотографираат гласачи.  Во врска со настанот во Полициската станица Охрид е извршен разговор со Б.Л.(41) со живеалиште во Австралија. Се работи на расчистување на случајот.

Во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во времето од 8 до 9 часот во село Лозово, пред штаб на политичка партија, Б.Ц. претседател на општинскиот комитет на партијата, го запрел и фотографирал лицето С.З. кое одело на гласање. Се преземаатмерки за расчистување на случајот.

Во СВР Струмица било пријавено дека на каналот YouTube биле објавени снимки од гласачкото место 17:30 во основното училиште „Никола Вапцаров” во Струмица. По преземени мерки било констатирано дека снимката била направена од акредитирани новинари. Се работи на расчистување на случајот.

Во 15:20 часот, Х.Б. пријавил дека на гласачко место број 2593 во средното училиште „Лазар Таневски“ од страна на лицето А.А., домашен набљудувач, била фотографирана И.Ѓ..  А.А. е приведен во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

Во СВР Штип било пријавено дека на гласачкото место 2247 во основното училиште „Димитар Влахов“ во  Штип, Ф.Д.(неписмено лице) гласала со помош на Д.Г.. По ова, нејзиниот сопруг Џ.Д. и го скинал гласачкото ливче.  Претседателот на Избирачкиот одбор побарал интервенција од полицијата. Џ.Д. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Штип, а неговата сопруга заедно со преставник на невладина организација на гласачкото место биле повикани на разговор во Полициската станица Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Најнови вести