среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Михајловски: Колку и да не делат, на какви и да не делат, ете тие 1 200 000 се обединети во една идеја – Македонија

Михајловски: Колку и да не делат, на какви и да не делат, ете тие 1 200 000 се обединети во една идеја – Македонија

Македонскиот актер Тони Михајловски денеска преку својот Фејсбук профил се огласи по повод неуспешниот референдум.

Во продолжение интегрално Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Колку и да се обидува губитникот поразот да го прикаже како победа, тоа едноставно не поминува. Ја имавме најскапата анкета на сите времиња, ама вредеше. Секое едно евро.

Останавме можеби пократки за некој километар автопат, без некоја градинка, парк, библиотека, 3/4 филма, 100тина претстави и сл, но битно е дека победи народот. Со полнење кутии, со претење, со калаши, со затворање на гласачки места, со потплатување и што се не, победи народот македонски. Народиште.

600 000 не се малку. Но 1 200 000 се двојно повеќе.

Колку и да не делат, на какви и да не делат, ете тие 1 200 000 се обединети во една идеја. Македонија.

…живееме, живееме, живееме…

Најнови вести