вторник, 16. април 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Сопиште, Сарај, Карпош, Суденичани и Ѓорче Петров.

Во периодот од 8:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат делови од селото Долно Соње од пред мостот надолу во општина Сопиште, од 8:30 до 10:30 часот, корисниците од селото Кондово и водовод „Кондово“ во општина Сарај, од 8:30 до 10:00 часот, корисниците од дел од улицата Коле Неделковски кон улицата Теодосиј Гологанов во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 9:00 до 13:00 часот, ќе имаат корисниците од дел од улиците Осло дел од улицата Будимпештанска и дел од улицата Урош Џуровиќ во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот,  корисниците од село Батинци, улиците со бр.4, 6 и 7 во општина Студеничани и од 11:30 до 13:30 часот, корисниците од селата Чајлане и Семениште во општина Сарај.

Без струја во периодот од 11:00 до 15:30 часот, ќе биде караулата „Чашка“, „Геолошки Силекс“, село Грачани и село Кондово во општина Сарај, од 11:00 до 15:30 часот,  викенд населбата „Веле Поле“ и село Кучково во општина Ѓорче Петров.