Џеса Смит имала само девет месеци кога ја откриле продуцентите на Телетабиси, а ја имаше најсимпатичната улога – насмеано бебе.
Сега таа е возрасна девојка која студира и со насмевка се сеќава на делот кога била популарното Сонце во мега популарната детска серија.
Почнала да студира на еден англиски универзитет и кога ја прашале да каже нешто за себе, таа кажала дека „била насмеаното сонце“.
На оваа фотографија позира со нејзината замена која би требало да се појави во новата верзија на „Телетабиси“.