вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ова не се случува често: Имаат исто име и презиме, родени се во истата година, а живеат на двата краја од светот! Сега решиле да се сретнат

Ова не се случува често: Имаат исто име и презиме, родени се во истата година, а живеат на двата краја од светот! Сега решиле да се сретнат

Рајан Гренфел од Шкотска и Рајан Гренфел од Австралија се поврзале на социјалната мрежа Фејсбук, бидејќи имале исто име и презиме.

Покрај тоа, двајцата се исто годиште, но едниот е точно еден месец постар од другиот. Почнале да се допишуваат, а понекогаш разговарале и преку видео пораки.

Без разлика на бројните километри меѓу нив, успеале да се најдат во Единбург на пијалак.

“Дали некогаш сте додале некој на Фејсбук бидејќи има исто име и презиме како вас? Ова е Рајан Гренфел од Австралија и е постар од мене еден месец, што е многу чудно! Ми прати порака вчера дека слетал во Единбург, па отидовме на неколку тури!”, напишал Шкотот на својот профил на Твитер.