четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зеколи: Да направеше Заев чистка на министри ќе имаше легитимитет да зборува, вака бара жртви секаде сем кај себе

Зеколи: Да направеше Заев чистка на министри ќе имаше легитимитет да зборува, вака бара жртви секаде сем кај себе

Арсим Зеколи повторно жестоко го критикуваше Зоран Заев и владата на СДСМ. Имено тој на својот Твитер повторно го коментираше, како што вели, пропаднатиот референдум и пост-референдумските акции на Заев.

Зеколи посочи дека по неуспешниот референдум Заев требало да направи чистка во Владата, со што аргументите вперени кон опозицијата “за добро на земјата” ќе беа издржани. За крај истакна дека Заев се однесува неозбилно, барајќи промена и жртва од сите – сем од себе и своите.

-Доколку Заев направеше министерска чистка во неговата Влада веднаш по пропаднатиот Референдум, денес аргументите вперени кон опозицијата “за добро на земјата” ќе беа издржани. Вака, тој бара промена и жртва од сите – сем од себе и своите. Тоа е неозбилно, вели Зеколи.

Најнови вести