вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

„Не грижете се, малку се пијани“: Полицијата објасни зошто птиците во оваа земја се дезориентирани

„Не грижете се, малку се пијани“: Полицијата објасни зошто птиците во оваа земја се дезориентирани

Птиците во Гилберт, Минесота, почнаа да летаат во шофершајбни, да се удираат во дрвјата и да изгледаат дезориентирани. Полицијата вели дека нема потреба за грижа – птиците се малку пијани, објави Си-ен-ен.

-Се чини дека некои птици стануваат поживи од вообичаено, напиша на Фејсбук шефот на полицијата на Гилберт, Тај Техарy.

Но, според него, птиците се немаат опијането од маргарити, туку нивната збунетост и дезориентираност најверојатно е резултат на јадење бобинки кои ферментирале порано од вообичаено поради раното заладување на времето.

-Многу птици не мигрирале на југ, па се чини дека се поприсутни отколку во изминатите години, рече тој.

Според Ана Пиџон, вонреден професор на Одделот за шума и екологија на Универзитетот во Висконсин, ,,црниот дроб на помладите птици не може да се справи со токсините толку ефикасно како повозрасните птици”. Таа забележува дека тоа не е редок феномен.

-Потипичен е во доцна зима и рана пролет кога бобинките кои се на гранките ферментираат поради квасецот што е на нив, рече таа.

Но, тие можат и да се затрујат од ферментираното овошје, што може да биде многу опасно за нив. Птиците можат да ја изгубат координацијата, ја губат својата природна способност да избегаат од предатори – вклучувајќи ја и дезориентираноста при летање. Птиците, исто така, можат да добијат труење со алкохол.