сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митевски: На лагите на СДСМ и Марин им нема крај- ветуваше запирање на градежна експанзија и повеќе зелени површини, сега забрзано издава градежни дозволи

Митевски: На лагите на СДСМ и Марин им нема крај- ветуваше запирање на градежна експанзија и повеќе зелени површини, сега забрзано издава градежни дозволи

На лагите на Златко Марин и СДСМ им нема крај. Додека да дојде на власт ветуваше запирање на градежната експанзија и повеќе зелени површини, сега откако е градоначалник забрзано издава градежни дозволи, истакна Дејан Митевски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром.

-Пред околу дваесетина дена предупредивме дека општина Аеродром е спремна да издаде одобрение за изградба на нова висококатница на локацијата кај „Мајчин дом“, па Златко Марин го искористи предреферендумскиот период и на инвеститорот му издаде одобрение за градење на станбено деловен комплекс на површина од околу 14.000 м2, поточно десеткатница со повеќе од 240 нови станови. Златко Марин одобрението за градење го издал на 19-ти септември. Иако ветуваше дека ќе ја спречи изградбата на оваа висококатница, дека ќе го зачува зеленилото токму на овој простор, како по навика, повторно излажа. „Ќе го запреме градежниот хаос, ќе направиме ревизија на ДУП-овите“ беа предизборни ветувања кои за жал никогаш нема да чекаме да се реализираат, истакна Митевски и додаде:

„Залудни беа и барањата и потребите на граѓаните. Сепак зеленилото кај „Мајчин дом“ ќе биде минато. Како најнеспособен градоначалник на Аеродром, како човек за кого зборот не е збор, успеа да стане рекордер во град Скопје и тоа по број на издадени одобренија за градење. Имено, за помалку од една година колку што е на власт, успеа да издаде одобренија за градење на повеќе од 1.100 нови станови во Аеродром. Ова е далеку од животот кој беше ветуван, ова претставува најгруба манипулација со граѓаните кои го дадоа својот глас за Марин, очекувајќи дека бар ќе се потруди да ги реализира ветувањата“.

Најнови вести