сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од неколку скопски општини, информираат од РЦУК.

Во периодот од 09:00 – 15:00 часот без струја ќе бидат делови од село Бојане, во општина Сарај, а од 09:00 – 14:00 часот дел од село Буковиќ во општина Сарај и дел од село Орман во општина Ѓорче Петров.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:00 – 13:00 часот ќе имаат корисниците на дел од улиците „Кленоец“, „Клепа“ и „Владимир Каваев“ во општина Ѓорче Петров, од 08:30 – 11:00 часот дел од ул. „1“ во село Горно Соње во општина Сопиште, од 08:30 – 14:00 часот подулица 2 од ул. „Мите Богоевски“ и од 12:30 – 15:00 часот корисниците од ул. „Мите Богоевски“,  во општина Аеродром.