среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сестричката Јована моли: Помогнете добри чичковци и тетки за мојот батко Кристијан да ми дојде на роденден (ВИДЕО)

Сестричката Јована моли: Помогнете добри чичковци и тетки за мојот батко Кристијан да ми дојде на роденден (ВИДЕО)

Кристијан Андреев е дете на 14 гoдишна возраст кој боледува од многу тежок облик на Аутизам и Епилепсија. Закажани се 3 сесии-операции на матични клетки во Истанбул-Турција кои ќе чинат 38.600 евра. За неговите родители сумата е преголема затоа Ве замолуваме, сите вас хумани луѓе кој колку може да донира. Да му помогнеме на Кристијан да биде подобар и да и ја исполниме желбата на малата Јована да може нејзиниот батко за прв пат да оди на нејзиниот роденден. Со вашата хуманост и донирање ќе ја исполните желбата и ќе заврши стравот на малата Јована, а со тоа ќе обезбедиме среќа за целото семејство!! Покажете хуманост и завртете на броевите 070-143-161 за корисници на Т-мобиле и 143-463 за корисници на Вип или уплата на жиро сметките 210-7000006478-05 за Македонија и IBAN CODE MK 07210501699259629 SWIFT TUTNMK22 NLB BANKA AD SKOPJE. Благодарност од целото семејство Андрееви посебно од сестричката Јована, велат во апелот за помош од семејството на Кристијан.

Со специјална видео порака во која замолува за помош на социјалните мрежи излезе и сестричката на Кристијан.

-Здраво, јас сум Јована Андреева. Мојот батко се вика Кристијан, има аутизам и сакаме ние да му правиме во Турција операција, но мама и тато немаат доволно пари, затоа сакам вие добри чичковци и тетки да донирате пари, за бато да ми дојде на роденден, да не ме штипе и да не ме кубе. Фала ви многу, чао, вели во пораката малата Јована.

Најнови вести