четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Моќни лекции од Робин Вилијамс: Никогаш не се расправајте со злобни луѓе, тие немаат што да изгубат

Моќни лекции од Робин Вилијамс: Никогаш не се расправајте со злобни луѓе, тие немаат што да изгубат

Поминаа 4 години од смртта на Робин Вилијамс, човекот кој нѐ засмејуваше во филмовите кои ги гледавме како деца и кои ни пренесе голема мудрост во филмовите додека созревавме. Од него можеме да научиме многу важни лекции за животот, парите и љубовта.

Дадена ни е само 1 искра лудило. Не смеееме да дозволиме да ја изгубиме.

Без оглед на тоа што ви велат луѓето, идеите и зборовите можат да го сменат светот.

Мислев дека најлошото нешто во животот е да бидеш сам. Но, не е така. Најлошото нешто е да бидеш со луѓе кои прават да се чувствуваш осамено.

Не грижете се премногу, бидејќи на крајот никој од нас не живее предолго на земјата.

Жал ми е, да беше во право ќе се согласев со тебе.

Се нервираме за многу работи, прашувајќи се зошто го правиме тоа.Но, не треба да се каеме бидејќи таквите искуства ни носат прекрасни луѓето во животот. Вреди да се живее за тоа.

Комедијата е глумење оптимизам.

Пролетта е начин на природата да ни каже „Ајде да се забавуваме“.

Никогаш не се расправајте со злобни луѓе, тие немаат што да изгубат.

Ќе дојдат и лоши времиња, но тие ќе ве освестат за работите на кои не сте обрнувале внимание.

Најнови вести