понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителен акт за полов напад врз дете

Обвинителен акт за полов напад врз дете

Прилепското Јавно обвинителство до Основниот суд во Прилеп поднесе обвинение против едно лице за полови дејствија врз петгодишно дете. За кривичното дело за кое се товари обвинетиот предвидена е затворска казна во времетраење од најмалку 12 години.

– По сеофатна истражна постапка и прибирање на доказен материјал, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основниот суд – Прилеп поднесе обвинителен акт против едно лице што се гони за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетиот, во јули годинава, во парк во кругот на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп заради задоволување на полови страсти, извршил полови дејствија врз петгодишно дете. По пријава од вработените во Здравствениот дом обвинетиот беше лишен од слобода и против него се водеше истражна постапка.

Во исто време поднесен е и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

МИА

Најнови вести