АСНОМ има еден проглас кој се однесува на обединување на трите дела на Македонија. Дека последниот проглас на АСНОМ се однесува на тоа дека овде е создадена држава, но македонскиот народ не ги заборава другите два дела кои останале необединети. Сега тој дел го вознемирува Грците, го произнесе Фрчкоски при гостување во „24 Отворено“.
При тоа, дообјаснува дека тоа е голем проблем за Грците.
-Ако го ставите АСНОМ, сите документи на АСНОМ одат со оваа декларација и они имаат коментар на тоа. И затоа е таквото решение во амандманот. Не се повикува на АСНОМ генерално туку се наведуваат кои документи од АСНОМ на се повикува и на страна се набројуваат, со тоа се исклучува таа декларација и се завршува работа со суштинска, истакнува Фрчкоски.