понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димовски: Устав постои за да не може мнозинството да постапува надвор од него и да носи било какви одлуки

Димовски: Устав постои за да не може мнозинството да постапува надвор од него и да носи било какви одлуки

На седницата на Собрание на Република Македонија, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски им реплицираше на пратениците Павле Богоевски и Горан Мисовски.

-Устав постои за да не може мнозинството да постапува надвор од Устав и да носи било какви одлуки. Деловник постои за да не може мнозинството така како што сака без да ги почитува процедурите да носи одлуки. Закони постојат заради тоа. Ова Собрание има резолуција која што има обврзувачки карактер, кој е мандатот на Владата да преговара? А, тој мандат не е овој што го преговарала Владата. Дополнително од програмата „Реално“ не ја читате претходната реченица заради тоа што ве одговара,а таа вели – „ ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставно име на Република Македонија, му реплицираше Димовски на Богоевски.

-Господине Мисовски, ставајќи не нас во некоја историска улога, чувствувам дека и Вие сакате да се ставите во историска улога, све била и без нас и без вас, и без мене и без тебе. Ова Собрание ќе го има и со Илија Димовски и без Илија Димовски. Ова Собрание ќе го има со Горан Мисовски и без Горан Мисовски. И тука воопшто не треба да биде дилема дали ќе имало избори, дали ќе немало избори, кој ќе бил пратеник, кој немало да биде пратеник. Никој нека не биде пратеник. Гледајте малку пошироко има излез и од оваа ситуација, но Вие не ја гледате, нагласи Димовски при репликата на Мисовски.

Најнови вести