недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Младите од Ново Село побараа правна држава

Младите од Ново Село побараа правна држава

Околу 100 млади лица учествуваа на трибина во општина Ново село. Во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се одржа трибина со наслов  „За слободата, владеење на правото и правната држава“.

Свои ставови изложија Дајанчо Ефтимов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески Секретар на УМС, Владимир Ристов и Петар Марков.

Организаторите порачаа дека изборот да се одржи трибината во Ново Село е разбирлива бидејќи од таму произлезе меѓународен скандал. „Градоначалникот беше фатен во криминал и осуден. Сомнежот за пропусти во текот на постапката ја разбрануваа уште повеќе јавноста“, беше речено на трибината.

-Затоа младите бараат да се избере нов Јавен обвинител кој ќе ја направи оваа институција кредибилна. Не може да постои сигурност кај младиот човек ако нема законитост и правна држава. Несигурноста доведува до апатија и ги принудува младите да размислуват како да се преселат во подобро и средено општество. Криминалот и нерасчистените дела од кои се згрозува цела јавност мора да се расчистува бргу.  Младите мора да живеат во слободно општество. Правната држава треба да ја штити и проширува слободата. Владеење на правото треба да создаде еднакви права за напредок на секого во општеството, беше потенцирано на трибината.