сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манаскова до СДСМ: Сега ли ви текна дека промената на името е надпартиско прашање?

Манаскова до СДСМ: Сега ли ви текна дека промената на името е надпартиско прашање?

Пратеничката Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ даде до знаење до владеачкото мнозинство дека е касно да се бара заедничка одговорност бидејќи процесот пред договорот требаше да биде процес во кој ќе бидат влкучени сите чинители од Македонија.

-Ве слушам како велите дека ова треба да биде надпартиско прашање па тогаш се поставува прашањето зошто пред референдумот, додека се преговараше односно додека имаше некоја драфт верзија од договорот не ги вклучивте сите политички чинители истовремено и стручната и научна јавност во процесот туку сами го водевте процесот, нагласи Манаскова.

Манаскова додаде дека определувањето на културата на една нација треба да остане во доменот на научната фела, а не на политичката.

Најнови вести