недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Експлодира автомобилот на познатата српска водителка, настрадал нејзиниот татко (ФОТО)

Експлодира автомобилот на познатата српска водителка, настрадал нејзиниот татко (ФОТО)

Во центарот на Белград денеска експлодирал автомобилот на српската водителка Маријана Мичиќ. Во експлозијата повреден бил нејзинот татко, кој веднаш бил пренесен во болница.

Во полицијата во 13:30 било пријавено дека на улицата „Војвода Степа“ кај бројот 414, дошло до експлозија на возило „Голф“ 4, во кое најверојатно била подметната експлозивна направа.

Шеесет годишниот татко на Мичиќ се здобил со повреди, кои за среќа не биле животнозагорзувачки. На терен веднаш излегле и пожарникарите, а според пишувањата на медиумите од соседството, колата која е на име на водителката, денеска ја земал нејзиниот татко.

Од Телеграф.рс се обиделе да стапат во контакт со Мичиќ, но таа била вознемирена и само кратко им одговорила дека брза и не може да зборува.

Најнови вести