Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да го глуми тајниот агент Џејмс Бонд. Актерот го играше Роб Старк во „Игра на тронови“.
Маден ја воодушеви публиката и со својата улога во серијата „Бодигард“ во која го игра наредникот Дејвид Буда, а ја импресионираше и американската продуцентка и „шефица“ на Џејмс Бонд, Барбара Броколи, која наводно се подготвува да му понуди голема улога.
– Изгледа Маден ќе ја добие работата. Не само што е на врвот на листата на Барбара, туку таа е подготвена да му ја понуди улогата, изјави неименуван извор за британскиот весник „Сан“.
Ако тоа навистина се случи, Маден ќе ја надмине конкуренцијата која ја сочинуваат Идрис Елба, Том Харди и Џејмс Нортон.
„Актуелен“ Џејмс Бонд е Даниел Крејг, од кој се очекува да се повлече.