недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја утре повеќе улици во Скопје

Без струја утре повеќе улици во Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа утре без електрична енергија ќе останат корисници од повеќе улици на Скопје.

Од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул.Лазар Личеновски, поточно Спортската Сала – Кале и сите објекти во околината, од 08:00 до 16:00 часот корисниците од дел од ул. Петар Ацев зграда  бр. 21, во Општина Аеродром, додека од 08:25 до 11:30 часот корисниците од улиците Архиепископ Доситеј, Ресенска, Павле Илиќ, Вуковарска, Жикица Јовановиќ Шпанац  и Ѓорѓија Томовски, во општина Чаир.

Од 08:30 до 12:00 часот корисниците од  ул. Димитар Пандилов, Општина Центар, од 08:30 до 13:00 часот корисниците од  ул. Дебарца  од бр.1 до бр. 12,   ул. Коста Кирков бр. 3 и бр. 5, Евангелско – Методистичка Црква  и   ул. Никола Тримпаре од бр. 11 до бр. 20 во Општина Центар, од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од улиците: Аврам Писевски, Бајрам Шабани, Архимедова, Вергино и Ордан Чопела одОпштина Чаир.

Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од дел од  с. Моране, Општина Студеничани и од 12:30 до 15:30 часот корисниците од улиците: Дижонска, Ѓорѓија Томовски, Архиепископ Доситеј, Браќа Реџепагиќ и  Божин Стизов, општина Чаир и од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Горно Соње ул. 1, во Општина Сопиште.