СДСМ и нејзината Коалиција пред да дојдат на власт се што говореа ништо не реализираа. Почнувајќи од ветувањата на Заев дека Устав нема да менува, преку 500 евра плата, 100.000 денари плата за лекарите, подобрени реформи во правосудниот систем. Ништо нема реализирано, потенцира Александар Пандов при самото гостување во дебатната емисија на „24 Анализа“.
Пандов појасни дека оваа влада ја задолжи Република Македонија премногу, секојдневно се делат фондови на свои партиски членови, и склучуваат договори за тендери со фирми кои се блиски до СДСМ.