понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЈО се бори против сопствените докази: Сите документи кои ги презентира се чист доказ дека Космос на Цановски е дивоградба

СЈО се бори против сопствените докази: Сите документи кои ги презентира се чист доказ дека Космос на Цановски е дивоградба

Во судот денес тече рочиштето за ТНТ, за рушењето на дивоградбата Космос на Фијат Цановски.

Денес СЈО ги презентира доказите. Но презентирајки ги, неизбежно мора да ги покаже повеќето барања и жалби на фирмата на Цановски, како и одлуки, решенија и записници на општина Гази Баба, државниот катастер и другите институции.

Она што целата јавност во салата ја изненади е документот кој го издал денешниот директор на државниот катастер, Борис Тунџев, кој во тоа време во 2011-та имал приватна геодетска фирма и самиот бил геодет.

Сегашниот директор на катастер, кадар на СДСМ, со неговото мерење утврдил дека Космос на Цановски е ДИВОГРАДБА. Тунџев утврдил дека има 1 метар и 43 сантиметри разлика на котата за подземните гаражи во однос на добиената градежна дозвола.

И не само овој документ. Сите  документи и докази кои ги презентира СЈО во судската сала, докажуваат дека објектот Космос e класична дивоградба.

Час и половина откако започна читањето на доказите на СЈО, самото СЈО е во таква дефанзива, што се бори со сите сили што помалку од доказите да се читаат јавно, а одбрана се бори да се читаат барем дел од доказите кои, за иронијата да е поголема, ги поднело СЈО.

Видливо во салата е дека одбраната и обвинетите се многу задоволни од презентирањето на доказите од страна на СЈО.

Ова е предмет кој, ако ги слушате снимките, добивате перцепција дека на Цановски му е сторена неправда, но кога ќе се прочитаат документите се гледа какви законски прекршувања направил Цановски, што општината Гази Баба немала законски избор освен да го руши објектот.

За потсетување, фирмата на Цановски, добила дозвола според која морала да изгради три нови подземни гаражи. При градбата, кога дошле со копање на земјата на висина доволна за две нивоа подземна гаража, се појавила вода, што за инвеститорот Цановски значело потреба од инвестирање на дополнителни 2 милиони евра.

За да го избегне тоа, донел одлука спротивно на градежната дозвола, наместо три да изгради две нивоа подземна гаража. Откако општинската инспекција го открила тоа, Цановски поднел барање до општината за промена на градежната дозвола согласно веќе изведената градба.

Ова не му било овозможено бидејки таквата одлука на општината би била незаконска и спротивна на правилникот за гаражни места на станбени објекти, според која бил усвоен деталниот урбанистички план. Потоа Цановски тужел и загубил на сите можни судски инстанци.

Најнови вести