недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Димитар Андоновски ги врати спомените на својот прерано починат татко: „Ова небо знае се’ “ (ФОТО)

Димитар Андоновски ги врати спомените на својот прерано починат татко: „Ова небо знае се’ “ (ФОТО)

Последното нешто што го слушнавме и видовме од македонскиот пејач и неговата група „Тајфата“  беше песната „Стари добри времиња“ со која успешно се претставија на неодамнешниот „Макфест 2018“.

И како што велат стиховите на  песната: „Старите добри времиња  повеќе ги нема и се’ што од нив остана се само сспомени и сеќавања“… 

А, токму низ спомените и сеќавањата деновиве заплови Димитар, потсетувајќи се на неговиот починат татко, кој пред 25 години прерано заминал од овој свет, оставајќи го пејачот многу мал да се бори со животот и неговите предизвици.

Но, како што им доликува на вистинските луѓе, споменот и сеќавањата на оние кои навистина ги сакаме, никогаш не бледеат и исчезнуваат, како ни копнежот, тагата и болката по нив, за тоа што повеќе не се со нас! Затоа Димитар не го заборави својот татко, па со посвета на социјалните мрежи се потсети на денот кога неговиот родител, за жал  прерано ги напуштил…

Една фотографија од татко му и една негова постара песна, чии стихови говорат се’. Посветата на Димитар е само дополнување на емоцијата и сеќавањето на починатиот родител.

„Оваа есна е направена за сите оние кои што прерано заминале од овај свет,а од горе се радуваат, плачат за нас и не следат во секој миг. Посветена е за Мојот татко Михаил Андоновски што на денешен ден пред 25 години прерано не напушти… Болката е иста но останаа само сеќавањата и спомените. Вечен ти спомен Татко“ – стои во постот со посветата на Димитар.

Впрочем, како што и самата песна вели: „Ова небо знае се, знае кад си, каде отиде, ова небо знае се’, ќе не спои еден ден…“

Колку и да изгледаа љубовни во времето кога песната се појави, сепак нејзините стихови очигледно кријат  сосема друга порака, посветена на една сосема поинаква болка… по најмилите!

Вистина.мк

Најнови вести