четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: ВМРО е македонска партија и таа треба да ги штити македонските национални интереси

Пандов: ВМРО е македонска партија и таа треба да ги штити македонските национални интереси

ВМРО е македонска партија и таа треба да ги штити македонските национални интереси. Таа партија не е партија да ги штити интересите Вес Мичел или на Палмер, или на Хојт Ји. Сме имале доста дипломати низ години наназад но тие ќе си дојдат и ќе си заминат, појасни аналитичарот Александар Пандов при самото гостување на дебатната емисија „24 Анализа“.

Пандов дури и при самата дебата рече дека тој не се сомнева во патриотизмот на Вес Мичел и добрите намери што ги има за неговата земја САД. И апсолутно е јасно дека интересите на САД се Македонија да стане членка на НАТО.Но него не го интересира што Македонија треба да го промени уставното име и да го изгуби својот идентитет.

Пандов ги посочи двата договори со Бугарија и Грција каде постојат два члена. Во договорот со Грција нашата античка историја ја предаваме на Грција, се откажуваме од неа до 6-ти век. А, од 6-ти век историјата ја предаваме на Бугарија.

Најнови вести