Поради дефект на приклучна цевка од ф 100 мм. на ул. „Дане Крапчев“, 16, утре без водоснабдување ќе останат корисниците од споменатата улица, како и дел од корисниците од ул. „Благоја Давков“ во општина Центар.
Како што информира РЦУК-Скопје, по известување добиено од ЈП Водовод и Канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот до санирање на дефектот.