понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Локализиран пожарот кај градската депонија за смет во Велес

Локализиран пожарот кај градската депонија за смет во Велес

Пожарот  во близина на Градската комунална депонија во Велес во кој беа опожарени сува трева и грмушки е локализиран вечерва во 19 часот, а  пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се уште работат на негово целосно гаснење.

Пожарот избувна околу 15:30 часот, а на терен беа пратени две теренски возила за гаснење пожари  со седум пожарникари кои поради силниот ветер  три ипол часа се обидуваа да го изгаснат. (МИА)