четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цуклев: Предлог на ребалансот на буџет е нереален затоа што нема да се оствари предвидената стапка на раст

Цуклев: Предлог на ребалансот на буџет е нереален затоа што нема да се оствари предвидената стапка на раст

За предлог на ребалансот на буџет поднесен од министерот за финансии кажав дека овој ребаланс пред се е нереален, затоа што ниту ќе се оствари предвидената стапка на раст иако е ревидирано од 3,2 на 2,8%, зашто впрочем во таа насока одат и прогнозите на ММФ и СБ кој што се движат до 1,6 до 2% што е ни 50% од предвидувањето за стапките на економски раст во државите во регионот. За тие држави како Албанија, Косово, Србија, Бугарија се некаде околу 3 до 4%, а за нас предвидувањата се 1,6 до 2%, посочи пратеникот Драган Цуклев во емисијата „Отворено Студио“ на ТВ Шења.

Цуклев образложи дека ниту ќе се остварат планираните буџетски приходи затоа што до заклучно септември месец се реализирани 70% од предвидените буџетски приходи ако земеме една претпоставка дека релативно во едидначена динамика на реализација на буџетски приходи ќе се соочиме со фактот дека фалат некаде околу 5% или за 2/3 за изминатата 2018 година односно апсолутно изразено околу 65 милиони евра што под претпоставка да тој тренд продолжи ќе фалат на крајот од буџетот околу 100 милиони евра од предвидените.

-Ниту пак ќе се реализираат капиталните инвестиции каде што имаме катастрофално ниво на реализација до сега од 27% кои што со ребалансираниот буџетот до сега се намалуваат од 400 на 300 милиони евра. Иако сведоци сме дека во Собранието Заев и министерот за финансии предвидуваат раст од 5% во 2018 година. Не треба воопшто да не залажува растот во вториот квартал од 3,1% затоа што тој раст е споредбен со падот од 1,3% во вториот квартал од 2017 година. Така да за да се оствари онаа стапка ребалансирано од 2,8% ние треба да имаме раст од 4% во третиот и четвртиот квартал, што мислам дека е неостварливо, појасни пратеникот Цуклев.

Најнови вести