четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: Ова е шанса за нова генерација на УМС, шанса за организација која ќе ги има одговорите за третата декада од 21 век

Николоски: Ова е шанса за нова генерација на УМС, шанса за организација која ќе ги има одговорите за третата декада од 21 век

Ова е плакат од првата Годишна Конференција на УМС на ВМРО ДПМНЕ по расколот и реформите во партијата во 2004та, кога партијата се реформираше внесе нов дух во македонската политика и победи на следните парламентарни избори, ова денеска на својот Фејсбук профил го објави Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој понатаму во статусот вели:

-И тогаш раководството на УМС беше на погрешната страна, со исклучок на еден член на ИК ( Илија Димовски) сите други заминаа од партијата. За мене тоа беше предизвик и шанса да се направи нешто ново. Се направи! УМС стана најбитен дел од партијата и основна причина зашто партијата победи на изборите во 2006. А, таа генерација на УМС која имав чест да ја водам стана златна генерација на ВМРО-ДПМНЕ!
Нешто слично е и сега, со тоа што сега само мал дел од раководството на УМС замина. Тоа е шанса за нови да дојдат и да ја направат УМС подобра, да ја направат организација која ќе ги има одговорите за третата декада од 21от век! Затоа момци и девојки од УМС променете нешто АЈДЕ!
Да живее УМС на ВМРО ДПМНЕ!, пишува Николоски.

Најнови вести