четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

„Ја нарекоа нискобуџетна Ана Кораќ“: Скопјанката Елеонора направи драма во „Задруга 2“ (ВИДЕО)

„Ја нарекоа нискобуџетна Ана Кораќ“: Скопјанката Елеонора направи драма во „Задруга 2“ (ВИДЕО)

Скопјанката Елеонора Миљковиќ пред некоја вечер слушна разни приказни од нејзините цимери, а една од нив беше дека потсетува на Ана Кораќ, која учествуваше во првата сезона на реалното шоу.

По забавата, таа сакаше да слушне дали тоа е точно, па ги праша Адам Ѓогани, Немања Тошиќ и Луна Ѓогани дали ја озборувале.

„Немам ништо заедничко. Наводно сте изјавиле дека јас сум нискобуџетна Ана Кораќ“, луто изјави Елеонора, на што Луна одговори: „Рековме дека потсетуваш на Ана, но ти си поубава од неа бидејќи си природна, тоа е вистина“, рече Луна.

Како ќе се развива односот меѓу Македонката и Ѓогани, останува да видиме.