На прашањето дека во медиумите се појавила снимка од седница на град Скопје под претпоставка дека истата е автентична Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тоа е Петре Шилегов.
-Тоа е Петре Шилегов. Вчера јавноста беше сведок на скандалозно однесување на Петре Шилегов каде што упатува навреди на советничка, на жена која што го искритикувала за справувањето со кучињата бездомници и тоа е за секаква осуда и ние го осудуваме таквото однесување на Петре Шилегов. Тој во најмала рака треба да се извини и на советничката и на Советот меѓутоа и на целата јавност која што го виде за жал тој клип. И можам само да порачам дека фрустрациите и комплексите не се лекуваат на овој начин како што тоа го прави Петре Шилегов, туку треба да најде друг начин и да заборави на заканите навредите и омаловажувања кои што ги упатува кон советниците на Град Скопје, особено кон една жена која што е и советничка, потенцира Арсовски.