четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Бараме услови целата македонска јавност да ја следи Комисијата за уставни промени преку директен пренос (ВИДЕО)

Мицевски: Бараме услови целата македонска јавност да ја следи Комисијата за уставни промени преку директен пренос (ВИДЕО)

Моето процедурално барање е во однос на поставената практика од претходната седница на Комисијата за уставни прашања кога имавме можност не само ние, туку е целокупната македонска јавност да следи директен пренос од Комисијата за уставни прашања, ова денеска од собраниската говорница го истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  Никола Мицевски.

-Оваа комисија е исклучително значајна имајќи во предвид дека сме во процес на уставни измени и мислам дека како човек кој што сега ја води оваа комисија и како претседавач со денешнава комисија да создадете услови да целокупната македонска јавност да ја следи целокупната дебата која ќе следи на оваа комисија имајќи во предвид дека медиумите не се во можност да ја пренесуваат целата оваа дебата. Од таа причина барам да создадете услови за директен пренос на Комисијата за уставни прашања која е од исклучително значење на сите граѓани, рече Мицевски.

Најнови вести