петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Република Македонија скоро една третина се засегнати од дијабетесот

Во Република Македонија скоро една третина се засегнати од дијабетесот

Денес 14-ти ноември секаде низ светот се одбележува како ден на дијабетесесот, во чест на роденденот на еден од пронаоѓачите на инсулинот – Фредерик Бантинг. Оваа година Светскиот ден на дијабетесот е посветен на семејството и дијабетесот, а мотото е „Дијабетесот го засега секое семејство“.

Над 425 милиони луѓе во светот и околу 190 илјади луѓе во Македонија во моментот живеат со дијабетес. Најголемиот дел од нив се со дијабетес тип 2 што е високо превентибилна состојба преку редовна физичка активност, здрава и избалансирана исхрана и промоција на средина за здраво живеење. Семејствата имаат клучна улога во справувањето со модифицирачките ризик фактори за дијабетес тип 2 и мора да ја добијат соодветната поддршка во едукација, ресурси и средина за да живеат здрав живот.

Во Република Македонија скоро една третина или поточно околу 200 илјади семејства во се засегнати од дијабетесот, од кои 500 се семејства со деца со дијабетес тип 1 според информации на „Здружението Баланс“.

Во нашата држава токму едно од девет возрасни лица или околу 190 илјади возрасни лица и дополнително околу 500 деца имаат дијабетес. Тоа потврдува дека 200 илјади семејства се засегнати со оваа состојба во моментов.

Од „Здружението Баланс“ апелираат ако нешто итно не се преземе, оваа бројка се очекува драматично да порасне и да предизвика голема хумана, социјална и финансиска катастрофа.

Бројот на деца со дијабетес е околу 500, а годишно се дијагностицираат околу 30 нови случаи, но оваа бројка во последната година бележи пораст (околу 50 случаи до октомври 2018).

Дијабетесот може скапо да го чини поединецот, семејството и здравствените системи. Доколку не се покриени од државата, трошоците за инсулинска терапија и контрола на крвниот шеќер може да одземат и половина од просечните семејни приходи.

Министерството за здравство потребно е да презема позитивни чекори за обезбедување на подобар квалитет на инсулинската терапија и лентите за мерење на крвен шеќер, да има обезбедено нов ултра долгодејствувачки инсулин, и во најскоро време да обезбедат сензори за континуирано мерење на крвен шеќер децата со дијабетес.

Најнови вести