петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зошто жалбата на Груевски со недели не може да стигне до Врховен?

Зошто жалбата на Груевски со недели не може да стигне до Врховен?

И по три недели жалбата за двегодишната затворска казна на поранешниот премиер Никола Груевски, никако од Кривичен преку Апелација да стигне до Врховниот суд. Кочењето на процедурата првостепениот суд пред две недели ја правдаше со жалбата на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е осудена за истиот случај, но во издвоена постапка. Но, барањето на Јанкулоска да се преиспита постапката на Кривичен, веќе стигнал до второстепениот суд.

Алфа“ праша во скопска единица дали барањето за вонреден правен лек на Груевски е испратено до Врховен, од каде им кажаа дека процедурата била во тек. Сѐ поверојатно е дека случајот на Груевски ќе почека во фиока, но заради негова штета, а не корист, анализира телевизијата.

Врховен не може да одлучува по жалбата, без мислење од СЈО, рокот на Катица Јанева и е 15 дена, но ништо не ја спречува мислењето да го достави и после утврдениот рок, оти казнени одредби за тоа не постојат. Откако ќе стигне мислењето од СЈО, Врховен може да закаже седница веднаш, а може и по неколку месеци и за ова нема краен рок ниту казнена одредба. Ако Врховниот суд закаже седница, од третостепениот суд ќе зависи дали ќе донесе мерка веднаш да запре извршувањето, или истото да го прекине, се додека врховните судии не се произнесат по вонредното преиспитување на пресудата. Таква одлука имаше во случајот со екс премиерот Владо Бучковски за аферата „тенковски делови“.

Во меѓувреме бранителите на Груевски предупредуваат дека Македонија во правна смисла не е изолиран остров, потсетувајќи на одлуката на највисокиот суд во Атина, кои одбија екстрадиција на двајца поранешни функционери во МВР, обвинети во случај на СЈО. Врховниот суд во Грција тогаш повикувајќи се на Меѓународниот суд за човекови права донесе одлука дека амнестијата не може да се отповикува или поништува. Поранешниот премиер Груевски, од вчера е во Будимпешта каде бара политички азил поради како што тврди заканите по неговиот живот. Во изминатиов период во повеќе наврати предупредуваше за политички притисок врз судството, како и дека случаите кои се водат против него се политички прогон за по секоја цена тој да заврши во затвор.

Најнови вести