петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Делови од Пелагонија повеќе од 20 часа се без струја

Делови од Пелагонија повеќе од 20 часа се без струја

По вчерашното невреме во Пелагонија проследено со обилни врнежи од снег, денеска повеќе од 20 часа некои села се без електрична енергија.

Од ЕВН Македонија велат дека во моментов без струја се: Лопатица, Дихово, Брусник, Ѓавато, Српци, Доленци, Братин дол, Цапари, Демир Хисар (градско подрачје), Мургашево, Стругово, Обедник, Смилево, Загориче, Ракитница, Породин, Градешница, Кишаца, Суводол, Кутретино, Долно и Горно Дивљаци, Пуста река, Арилево, Кочита, Сливница, Скочивир, Бач, Добромири, Мусинци, Агларци, Долно Оризари, градско подрачје на Битола и индустриска зона.