петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Сега е време да станеме, ВМРО-ДПМНЕ го очекува тоа од нас

Мицкоски: Сега е време да станеме, ВМРО-ДПМНЕ го очекува тоа од нас

Сега е време да станеме! Сега е време да станеме! ВМРО-ДПМНЕ го очекува тоа од нас! Македонија го бара тоа од нас! Потребен е нов елан, нова енергија, нашиот народ бара нова светлина и надеж, бидејќи ова што во моментов се случува во државата, не е ниту светлина, ниту надеж, туку темнина и разочарување, рече во своето обрачање новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Дали ние ќе бидеме тоа? Можеби, повторно ќе кажам, претенциозно ДА. , но ако ме прашате дали знам, искрено повторно че кажам не знам. Но, во едни вакви околности, кој можел да каже еден вистински одговор и кој би можел ја каже вистината. Но, едно знам, сиот свој човечки интегритет, сиот свој, сиот свој интелектуален капацитет, сето свое знаење, сето свое знаење, сила и енергија, секој атом од мојата човекова молекула че ја дадам, за да и служам на Република Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ, на вас, и на граѓаните, рече Мицкоски.

Овој избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи новиот лидер, поминува низ една многу сложена атмосфера.

-Во ситуација на прогон кон се што мисли различно и патриотски од Владата, во ситуација кога тоне економијата, образованието и здравството се во очајна состојба, земјоделците се соочуваат со лажните ветувања на актуелната власт, достоинството на нашиот народ е на распродажба, корупцијата во владата цвета, а непотизмот и погрешните и неетички чекори се дефокусираат со претреси по домови, или со некои нови уште поголеми гафови, рече Мицкоски.

Најнови вести