петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одрон го блокираше сообраќајот: АМСМ со важна вест за возачите

Одрон го блокираше сообраќајот: АМСМ со важна вест за возачите

На регионалниот пат Р 1202, Маврово – Дебар кај местото викано Сенечки ливади поради одрон сообраќајот се одвива наизменично.Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб дожд врне низ целата република.

Намалена видливост поради магла до 50м има од крак Маврово до Стража.Магистралниот пат Маврово-Дебар е приспособен само за патнички возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Најнови вести