Без поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, ќе беше потешко да се заштити унгарската граница, вели премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, запрашан за азилот кој Груевски го доби.
Орбан рече дека Унгарија праведно ги третира соработниците, а истакна дека Груевски е негов соработник исто како и на унгарскиот народ.
-Не можеме да ги исклучиме правните процедури, но можеме да овозможиме праведен третман – потенцираше Орбан.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека организациите поврзани со Џорџ Сорос се впуштени во прогонот против Груевски.
За судските постапки против Груевски, Орбан изјави: Станува збор за комплицирани спорови, а правниот систем е дел од истите!
-Властите ќе одлучат што ќе направат во врска со екстрадацијата, рече Орбан.