„Моите деца и јас буквално сме уништени по обвиненијата за сексуално вознемирување. Јас дури и не знам од каде доаѓа жената што го обвинува мојот сопруг. Имав сериозен разговор со него. Во тој разговор ги вклучив и децата“, рече Кетрин Зита-Џонс (49).
Убавата актерка откри дека по обвинувањата ги повикала сопругот, ќерката Керис Зита (15) и синот Дилан (18) во семејната куќа каде што воделе сериозен разговор за моралните аспекти.
„Мајкл ми рече дека нема ништо тука и дека времето ќе го покаже своето. И го покажа. Немаше докази кои можеа да ја потврдат таа приказна“ – открива Кетрин.
Имено, нејзиниот сопруг, актерот Мајкл Даглас (74), беше обвинет од неговата поранешна вработена дека сексуално ја вознемирувал пред 32 години. Таа тврдеше дека Даглас мастурбирал пред неа и користел непримерни сексуални зборови додека водел приватни разговори по телефон. Таа, исто така, го обвини дека ја „оцрнил” во филмската индустрија, поради што никогаш не можела да постигне кариера.
Актерот дозна од адвокатот дека едно американско списание сакало да направи приказна за тоа, па тој самиот им се јавил и им дал интервју.
„Не знам од каде доаѓа ова. Таа вели дека никогаш не сум ја допрел ниту злоупотребил, а потоа го тврди ова. Зборувам за тоа сега, бидејќи моите деца се преплашени и мислат дека ќе бидам етикетиран како сексуален предатор“, рече Даглас, тврдејќи дека обвинувањата биле „лажни“ и „чиста измислица“.