Сестрата на Мајли Сајрус, Ноа Сајрус се појави на еден холивудски моден настан во стајлинг со кој ја згрози јавноста, присутните па дури и оние кои објавуваа фотографии со најлошиот стајлинг забележан на вечерта.
Имено, таа облекла тигреста блуза која билa провидна со маслинести долни тренерки. Глумицата не облече градник, такашто своите природни атрибути ги истакна во прв план, а глетката која младата пејачка им ја сервираше на луѓето, на многумина не им се допадна.
Сандалите кои ги искомбинира со овој стајлинг ги добиле сите лоши коментари, бидејќи како што велат, никако не се усогласуваат со ниту еден моден детаљ кој Ноа го стави на себе.